Џастин Тимберлејк ќе биде водител на наредните „Оскари“?

Пејачот и актер, Џастин Тимберлејк, добил понуда за „улогата“ на водител на наредните Оскари. Ѕвездата ги воодушевила продуцентите како епизоден домаќин во шоуто „Saturday Night Live“.

– Преговорите со Џастин се во тек. Продуцентите и претходно размислувале за тоа дали да го ангажираат, но сметаа дека е премногу млад и неискусен. Сега тој покажа дека знае да игра, пее и глуми, да води емисија како и да импровизира на лице место, изјавил неименуван извор за „Тhe National Enquirer“.

Епизодата во шоуто „Saturday Night Live“ која ја водеше Тимберлејк, достигна рекордна гледаност во однос на периодот од предходните година дена. Како што пренесе „Daily Mail“, ја гледале дури 8.4 милиони гледачи.

- Реклама -