Кога имате 19 години, а редовно сте на насловните страници на сите светски магазини и тоа повеќе заради скандали, одошто заради професионалниот успех, сосема е логично да посакате малку да се одморите. Се чини дека и тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер одлучи да направи пауза.
„Размислувам за нов албум, нова турнеја, но можно е и да направам пауза од се. Всушност, тоа е вистинската работа што треба да се направи на 19 години“.
Пејачот во последните години е под постојан притисок поради „дивото“ однесување, проблемите со папараци фотографите, а ја прекина и љубовната врска со Селена Гомез.