Мускулестиот дечко на Хајди Клум, Мартин Кристен, е еден од ретките луѓе кои за својата работа можат да кажат дека им претставува задоволство.
Имено, во петокот тој ја штитеше својата девојка и и го „чистеше патот“ од насобраната толпа на аеродромот во Лос Анџелес, Калифорнија.
Двојката се враќаше од заедничкиот краток одмор на Хаваи, каде воедно Хајди работеше и на снимањето на новата сезона на „Germany’s Next Top Model“.