Двоглавата девојка доби свое реално шоу

Аби и Британи Хенсел се сијамски близначки кои имаат неверојатен живот. Но, тоа не ги спречува да се обидат да бидат колку што е можно понормални – стои во промотивната најава за новото реално шоу на американската телевизија TLC.

Во моментов, сијамските близначки се на колеџ и се наоѓаат непосредно пред дипломирање. Шоуто започнува во мигот кога тие ја завршуваат оваа етапа од својот живот и се подготвуваат да влезат во вистинскиот свет и да ја започнат потрагата по работно место.

„Секаде каде што ќе се појавата, луѓето започнуваат да зјапаат во нив“ вели еден нивен пријател, за потребите на промотивните материјали пред премиерата на шоуто, на 28 август. Близначките, кои имаат едно тело, но две глави и потполно одделни личности, велат дека сосема добро се справуваат со необичните реакции од случајните минувачи, не посветувајќи им многу внимание.

Првите неколку епизоди од шоуто ќе ги следат близначките на нивното патување низ Европа, веднаш по дипломирањето, а потоа приказната се враќа во нивниот дом, во САД. [Honey Boo Boo Who?? Here Comes Abby & Brittany!!!]

- Реклама -