Две жртви во несреќата што се случи утрово на патот Гостивар-Кичево

СВР Тетово соопшти дека денеска (5 јануари) во 7 часот и 10 минути било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на каменоломите се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.

Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош.
Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз

Извор