Земјата би можела да добие второ сонце, барем привремено. Доктор Бред Картер, професор по физика од Универзитетот од Јужен Квинсленд, вели дека Бетелгез, една од најсветлите ѕвезди на небото, ја губи својата маса, што значи дека таа колабира, и наскоро може да се претвори во супернова.
Кога тоа ќе се случи, во текот на неколку недели ние од Земјата ќе гледаме второ сонце. Дури е можно во текот на тие неколку недели воопшто да нема ноќ. Ова сценарио би можело да се случу во 2012, но Картер вели дека тоа не е сигурност, и дека настанот може да се случи и подоцна. Експлозијата на ѕвездата би можела да создаде и неутронска ѕвезда или да формира црна дупка на 1300 светлосни години од Земјата.
Но, ако ова предвидување се оствари, Земјата нема да биде уништена како што некои луѓе претпоставуваат. Картер вели дека во случај на супернова Земјата ќе биде погодена од голем број безопасни честички. Тој објаснува: „Честичките ќе поминат низ Земјата и иако суперновата која ќе можеме да ја видиме ќе го осветли ноќното небо, 99 проценти од енергијата на суперновата ќе биде ослободена во форма на невидливи честички кои ќе поминат низ нашите тела и низ планетата без воопшто да ни наштетат.“
Всушност, Земјата дури би можела да има и корист од ваквиот наплив од неутрино честички. Картер додава дека оваа „ѕвездена материја“ е основниот елемент на целиот универзум. „Дури и златото, среброто – па дури и тешките елементи – како ураниум се направени од таа материја… Ѕвезда како Бетелгез инстантно ќе создаде голем број на тешки елементи и атоми кои се останати во нашата планета и нашите тела од минати супернови. Значи, не само што суперновата не е знак на претстојна апокалипса, туку од неа Земјата ќе добие елементи кои се неопходни за преживување и континуитет.“ [Two Suns? Twin stars could be visible from Earth by 2012]