Популарниот телевизиски канал „Discovery“ ќе почне со емитување на две реални шоуа „Naked Castaway“ и „Naked and Afraid“ во кои натпреварувачите ќе се обидат да преживеат во дивината.
„Discovery“ наскоро ќе почне да емитува две рални шоуа во кои учесниците ќе бидат сосема голи. Учесниците ќе се обидат да преживеат во дивината со помош само на своите инстинкти и работи што ги опкружуваат како на пример кал, трева, растенија…
Ед Стафорд ќе биде главната ѕвезда на „Naked Castaway“ што ќе почне да се емитува на 14 април. Овој човек сосема гол и сам ќе преживува на пуст остров на североистокот на Фиџи, а со себе ќе има само една работа- камера. Стафорд ќе биде лишен од храна, вода, облека, оружје и во текот на 60 дена ќе се обиде да ја преживее оваа авантура.
Ова лето на „Discovery“ ќе се прикажува и „Naked and Afraid“, а главни ѕвезди ќе бидат два голи странци кои ќе се запознаат на Серенгети во Танзанија.