Две порции риба неделно ќе ве заштитат од рак на дојката

Од истражувањата спроведени за ракот на дојката, се заклучило дека доколку конзумирате по два оброка неделно мрсна риба како лососот, шансите за да заболете од рак на дојка се намалува за 18%, истакнува новото кинеско истражување објавено во British Medical Journal.

Рибата содржи Омега-3 масни киселини, кои се важни за развојот на мозокот и намалување на воспалените процеси во него, кардиоваскуларните клетки и др. Човековото тело не го произведува, затоа е и многу битно да се внесува преку исхрана.

Исто така истражувањето покажало, доколку се внесува барем минимално количество на Омега-3 масни киселини, намалувањето на ризикот од ова заболување е значително. За да може да се постигне ефект на заштита, жените треба неделно да конзумираат минимум по два оброка од 140 грама мрсна риба како туна, скуша, лосос, харинга или сардина. Белата риба како бакаларот е исто така здрава, но содржи помало ниво на Омега-3 масни киселини.

Ова истражување исто така било споредено со слични истражувања во САД, Европа и Азија и опфатило 80.000 испитаници и 20.000 заболени од рак на дојка. Со споредбата се приметило дека во богатите земји, како што е Англија, 9 од 10 деца и две третино возрасни воопшто не јадат мрсна риба. Наспроти ова во Азија поради нивниот начин на исхрана, која содржи голема количина на риба, жените имаат статистички најмала шанса да заболат од рак на дојка.

Исто така, при анализирање на навиките за јадење, се приметило дека жените кои јадат повеќе пати дневно и имаат помала телесна тежина, нивната шанса да заболат од рак на дојка е помала.

- Реклама -