Две нешта за ПВЦ прозорците што никој не ни ги кажал

Ова во продолжение ќе звучи толку едноставно, а сепак, не многу луѓе го знаат. Јас дефинитивно не го знаев, затоа што ниту ми го кажаа монтерите, ниту го имаше во упатството за употреба на прозорците (кое исто така го немаше).

8113110-184473-0-1481639472-1481639491-650-ab6f341815-1-1481699208[1]

И така, сосема логично ме интригираше кога на Bright Side го видов насловов. Читам, и таму вика вака:

Сите прозорци треба да се подмачкуваат 

Пак, многу едноставно, а малкумина го знаат. Затоа луѓето обично веднаш викаат мајстори кога рачката, рамката или механизмот почнува да чкрипи или тешко да функционира, без да знаат дека сами можат да го решат проблемот.

Во најмала рака, сите подвижни делови на механизмот на прозорецот треба да бидат подмачкувани со масло барем еднаш годишно. Најдобро е да се користи масло за подмачкување машини за шиење, кое би требало да можете да го најдете во секоја текстилна продавница. Ставете неколку капки на подвижните делови на PVC рамката, и тоа е тоа.

Треба да ги подесите прозорците на „зимски“ сетинг 

8113210-3-0-1481294215-1481294223-650-ab6f341815-1-1481699208[1]

За подобра изолација, пожелно е веќе во есен да ги наместите прозорците на зимски сетинг, а во пролет на летен сетинг. И ова е едноставно и можете да го направите сами.

Отворете го прозорското крило и најдете го заклучувачкиот меганизам. За да го наместите прозорот на зимски режим, треба да ги наместите пиновите во ексцентрична позиција, т.е. да ги поместите од нивното централно лежиште. Е сега, има многу различни модели на ПВЦ прозорски рамки, ама повеќето би требало да имаат или овални или цилиндрични пинови, кои на врвот имаат жлебови за специјален клуч (моите немаат, па се надевам дека не го пишувам ова за џабе).

8113160-184474-0-1481639653-1481639659-650-ab6f341815-1-1481699208[1]

Обично жлебовите одговараат на шестоаголен клуч, кој може да го добиете во пакет со одредени парчиња мебел, заедно со прозорците или да го најдете (евтино) во било која продавница за алати.

Со завртување на пинот, тој се изместува од својата централна оска, и со тоа се модифицира силата со која се затвора прозорецот.

При инсталација на прозорците, најчесто прозорските рамки се поставени на универзален меѓусезонски сетинг. За да проверите на кој сетинг се вашите, можете да се послужите со лист хартија, за да го проверите дихтунгот на прозорецот. Ставете лист хартија меѓу прозорецот и затворете го. Ако успеете лесно да го извлечете листот, тогаш прозорецот е поставен на летен сетинг. Кога е на зимски, практично е невозможно да го извлечете листот без да го искинете.

Сега можеби се прашувате: А зошто да не ги оставам прозорците на зимски режим преку целата година? Факт е, можете. Ама порано или подоцна ќе морате да ги замените деловите од рамката. Кога е поставен во зимски режим, притисокот врз механизмот и самата рамка на прозорецот е значително поголем. Ако често го отварате и затварате прозорецот додека е поставен на овој сетинг, деловите ќе се изабат. Тогаш сигурно ќе ви треба мајстор за да ги поправите.

ПС. Ако најдеме подетални објаснувања ќе ги додадеме дополнително.

- Реклама -