Две македонски премиери во кино Милениум

Во Градското кино Милениум следуваат премиери на две македонски филмски остварувања.

Најновиот македонски игран филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов – Изи, својата скопска премиера ќе ја доживее на 15.09 (Недела) во 20.00 часот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Торстен Вогс, Ива Крајнц, Игор Стојчевски, Симона Спировска. Филмот е во продукција на Скопје Филм Студио.

Картите за „Соба со пијано“ ќе бидат пуштени во продажба од денеска, на билетарата на кино Милениум.

Втората премиера ќе се одржи во Среда (18.09) во 20.00 часот. Се работи за новиот македонски документарен филм „Дисидент“, документарец за животот и делото на македонскиот дисидент Драган Богдановски. Филмот е во продукција на „Лавиринт продукција“.

- Реклама -