Холандскиот филммејкер и уметник – Франс Хофмистер, 18 години наназад ги снима и фотографира своите две деца – ќерката Лоте и синот Винс. Секоја недела нова прави слика/снимка во ист стил, уште од првите денови по нивното раѓање. Од снимениот материјал потоа прави тајмлапс видеа кои многу добро ја отсликуваат магијата на човечкиот живот, а особено од перспектива на родител – до вчера бебиња, а сега возрасни и самостојни луѓе.
Во ова видео Лоте полни 18 години.
Во ова, пак, Винс стигнува до 14.