Две години од запросувањето пред фрижидерот за сувомеснати (видео)

Денес пред фрижидерот за сувомеснати во еден скопски маркет ни се случи чуден момент. Не беше дежа ву, ама беше многу слично. Фрижидерот ни се виде некако многу познат.

Како и секој нормален, тотално ја изигнориравме мистеријата и си продолживме со денот. Ама…

Пар саати покасно, ни светна. Преклани ова време, пред истиот тој фрижидер падна првото запросување во историјата на Стокомак (да не грешиме душа, ама можеби и прво во историјата на македонските маркети). И ете, не сме го заборавиле.

 

PS. Малку им шпиониравме по профилите на дечкиве (зашто не е културно тоа да го правите вие). Момакот уште си ја чува сликата од матично за профилна. Момата исто така си го чува момакот на профилна.

Значи, со сигурност можеме да им честитаме годишнина. Нека им се множат! 🙂

- Реклама -