Како што наведува полицијата од областа Иркутск, пет жители на сибирскиот град Ангарск потрошиле две години на копање на 125-метарски тунел, рачно, со лопати, сé со цел да украдат нафта.
Самиот факт што ова го читате значи дека се фатени. А фатени се на 3 метри до целта… Не можете да нé убедите дека не ги оставиле намерно да докопаат речиси до крај.
Полицијата во текот на истрагата нашла метални цевки, пумпи и останата опрема за вадење нафта.
На предводникот на бандата му е одреден домашен притвор. Му се закануваат 6 години затвор, пренесува „Руски весник“.