Две години било прислушкувано Јавното обвинителство на Македонија

Во посебна просторија каде што се чувала телефонската опрема, најдени биле два хард диска на кои биле снимени сите комуникации на обвинителите сместени во новата зграда на Јавното обвинителство покрај кејот на реката Вардар, во последниве две години, обелодени денес државниот обвинител Љубомир Јовески.

Првиот снимен разговор е од 30 септември 2016-та, а последниот разговор е снимен сега.

Сé уште не се знае дали снимените разговори биле изнесувани надвор од обвинителството. За случајот веќе е отворена предистражна постапка што ја води ОЈО Скопје. Ќе се истражува и самата опрема, која била инсталирана во 2013-та, кога и беше вселена зградата. Ќе се истражува дали опремата била набавена со опција за снимање, или тоа било дополнително инсталирано.

Повеќе на Вечер.

 

- Реклама -