Дванаесет стрипови во конкуренција за награди на конкурсот „Каде припаѓам?“

Дванаесет стрипови се во конкуренција за награди на конкурсот за млади, за стрип, организиран од ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, и издавачката куќа ТЕМПЛУМ.

Темата на конкурсот е „КАДЕ ПРИПАЃАМ?“

Еве ги автор(к)ите и насловите на пристигнатите стрипови:

Гаја Смилевска – Нешто што фали (1 страница)

Ева Дејановска – Карактерен квиз 

Иван Коминовски – 3 Faces 

Луција Давиткова – Магија 

Марио Кекеновски – Ехото на сопствените мисли 

Матеа Аризановска – Каде припаѓам

Михаил Стоиловски – Знак

Петар Шулевски – Go Away, Goblin!

Сања Георгиева – Љубов е сè што ни треба

Сара Ангеловска – Празното платно 

Филип Томевски / Слободан Тимчевски – Имате идеја за други игри?

Фјола Шахини – „Арсон“ 

Конкурсот е наменет за младите луѓе до 33 години. Организаторите нагласуваат дека една од целите на конкурсот е мислењето и работата на младите да бидат повидливи и погласни.

„Освен тоа, сакаме да ги поттикнеме вредностите на заедничката работа, инвентивноста, креативноста и ангажираноста. Цел ни е и да придонесеме за развојот на еден интересен уметнички медиум, стрип, кој што е слабо застапен во нашата земја. На овој начин придонесуваме и за развојот на македонската културна сцена, промовирајќи нови млади креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи во полето на културата и пошироки форми на соработка.“

Прочитајте и:  Младите Тетовци го сакаат стрипот

За најдобрите стрипови предвидени се три награди: од 15, 10 и 5 илјади денари. Во жирито се Никола Гелевски, Фросина Крушкаровска и Стефан Каракачанов. Имињата на наградените ќе бидат објавени кон крајот на месецов (јуни, 2024 година).

Во текот на јуни беше организирана и работилница за пишување и цртање стрип, во функција на конкурсот, на која присуствуваа десетина млади луѓе. Работилницата ја водеа Хана Корнети, Ѓорѓе Јовановиќ, Владимир Лукаш и Никола Гелевски.Најдобро оценетите стрипови ќе бидат објавени во публикација и претставени на книжевниот фестивал „Друга приказна“ што ќе се одржи од 30 август до 1 септември.

Извор: окно.мк

- Реклама -