Двајца повредени во судир на мотор и возило во Гостивар

СВР Тетово информира дека вчера (28 јуни) во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(62), и мотор „априлија“, управуван од О.Л.(20), двајцата од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило констатирани во Општата болница Гостивар, извести полицијата. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Извор