Двајца другари со „фиќо“ во обиколка на пиварите низ екс Југославија

Двајца Сплиќани со „фиќо“ тргнаа во авантура долга 3 400 километри во текот на која ќе ги посетат сите пивари во поранешна Југославија.

Пивската тура, скратено „Питура“, почна на 25 мај од Сплит, а по Сараево, авантурстите стигнаа во Никшиќ.

Тони и Ловре бргу се навикнаа на камерите и спремно одговараат на прашањата на новинарите за нивната агенда во која има впишано 16 пивари,а оценките за пивата ќе ги дадат по патувањето.

Untitled-19

„Фиќото го купивме специјално за оваа тура. Во последните три дена добивме десет понуди да го продадеме. На секој чекор не прашуваат дали ќе го продадеме. Но, сега не се одвојуваме од него. Каде и да одиме луѓето се смеат“, со насмевка вели Тони.

Ловре е повисок па нозете му се мал проблем.

„Ма мене ми е супер – со нозете менувам брзини, колената ми се околу уши и меѓу главата и покривот не можам да ставам ниту прст. Среќа што сме двајца па се менуваме“, рекол Ловре.

По Никшиќ следуваат Пеќ, Скопје, Ниш, Зајечар и Јагодине.

[youtube]http://youtu.be/uUCrwM-wIRI[/youtube]

„Тука е и Крагуевац, каде ќе свратиме на сервис. Потоа Ваљево, Нови Сад, Апатин, Осиек, Вуковар, Тузла, Бањалука, Карловац, Лашко. Па преку Љубљана до Трст да купиме мастики, чевли и било што што ќе најдеме на Порто Роса и потоа преку Риека назад во Сплит“, рекол Ловре.

- Реклама -