На утрешен ден пред точно 28 години, македонскиот народ по спроведениот референдум во 1991 година се изјасни за самостојна и суверена држава.
По тој повод од страна на Владата се организира прослава која што ќе започне денеска во касарната „Илинден“. Каде што од страна на единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе бидат испалени 10 плотуни.
Прославата ќе се одржи утре во Градскиот Парк под мотото „Боите на независноста“ . Во рамки на прославата ќе има богата културно-уметничка и забавна програма.
Покрај богатата забавна програма граѓаните ќе може да уживаат во традиционлната храна, да земат учество во спортски активности. Исто така ќе имаат можност да погледнат и изложба подговена од деца од малите групни домови.
За повеќе информации погледнете ТУКА.