СВР Тетово информира дека вчера (29 јуни) во 21.15 часот во ОВР Гостивар 28-годишна гостиварка пријавила дека истиот ден околу 17.00 часот во семејната куќа нејзиниот 26 годишен сопруг М.Ш. од Гостивар физички ја нападнал. Полициски службеници го лишиле од слобода и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, извести полицијата.
СВР регистрира и дека утрово (30 јуни) во 09.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека З.А. (47) од гостиварско село ја нападнал својата сопруга. З.А е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.