Два пати се погледнале со смртта

Американец, кој успева да се спаси во терористичките напади во Париз на 13 ноември, успева да ја излаже смртта и на 11 септември 2001 година во Њујорк.

36-годишниот Американец, идентификуван само како Метју, бил спасен од страна на француски новинар откако бил застрелан во ногата за време на масакрот во концертната сала Батаклан.

Тој открива пред француското издание Le Monde, дека на 11 септември 2001 година, исто така бил на чекор до смртта, бидејќи се наоѓал на улицата под Светскиот трговски центар, кога првиот авион удрил во северната кула. Иако, според негови зборови, тогаш тој “спринтирал во половина Менхетен”, за да се спаси,  сега во Париз било “1 000 пати полошо.”

pp2

Метју тврди пред француското издание дека се преправал мртов откако бил застрелан во ногата кога терористите нападнале за време на концертот на групата Eagles of Death Metal. Околу 90 лица ги загубија своите животи за време на концертот, а жртвите од спроведените напади на неколку места во француската престолнина доведоа до вкупно 130 жртви.

Метју споделува дека додека терористите надополнувале оружје во концертната сала, тој користел можност за да се придвижува кон излезот. “Движејќи се напред сантиметар по сантиметар по некое време го видов излезот со испружена рака”, вели Метју. Кога излегол и се онесвестил на улицата, тој бил забележан од новинарот од Le Monde,  Даниел Псени кој снимал од својот стан во близина додека луѓето испаничени излегуваат од салата.

“Почувствував дека некој ме влече за рацете, дури и не погледнав нагоре”, вели Метју, чија што сопруга исто требало да присуствува на концертот, но не успеала да отиде, бидејќи морала да го чува нивното дете. Со помош на уште еден човек Псени го извлекол Метју во својот стан.

Новинарот исто бил ранет во раката при пукањето. Двајцата останале во станот на Псени во текот на три часа, додека полицијата го чистела регионот. На Метју му биле потребни два часа за да се стабилизира од шок и да се јави кај својата сопруга. По неколку часа двајцата биле однесени во болница.

- Реклама -