Секој нормален кога би добил џек-пот на лото веројатно би престанал да игра, ако ништо друго барем од страв дека универзумот ќе најде начин да му ја наплати алчноста ако продолжува да купува ливчиња. А и кои би биле шансите пак да му се случи истото, нели?
Не и неименуваниот маж од Бонди, Сиднеј, кој во понеделникот на 7 мај доби милион австралиски долари, па после уште милион и пол во сабота на 12 мај…
…
„Не ми се веруваше што се случува. Шансите да добиете два пати во така краток период мора да се непостоечки. Би сакал да имам некаков совет за останатите околу тоа како да добијат на лото, ама немам“, изјавил анонимниот ненормално среќен добитник за AFP.
На прашањето што ќе направи со парите, одговорил дека „нема да постапи глупо“. Планира да вложи во недвижнини во Сиднеј, да купи нов автомобил, и да оди на одмор во Хонолулу, „се разбира“.
Ќе треба да почекаме некој генијален математичар да пресмета колкави се шансите за две добивки во една недела, бидејќи на организаторите на лотаријата тоа не им успеа. Шансите, пак, човек да добие на лото два пати во животот се 1 на 1.845 милиони.
Од лотаријата велат дека не знаат за друг пример некој да бил два пати „благословен“ со џек пот за вака кратко време.