Туристка од Нов Зеланд завршила на отворено море и два дена поминала на гумен чамец во Егејското море во „близина“ на островот Крит. Преживеала јадејќи бонбони, пренесува „Би-Би-Си“.
45-годишната Кушила Стеин, искусен морепловец, патувала со Британец, кому му помагала да ја пренесе јахтата од јужна Турција до Атина. За време на патувањето, во петокот, Стеин решила „да ги протегне нозете“, па испловила со гумен чамец со весла кон островот Фолегандрос, кој се наоѓа некаде на средина меѓу островот Крит и копнена Грција.
На враќање кон јахтата, меѓутоа, едно од веслата ѝ паднало во морето, па Стеин веќе не можела да се справи со ветрот и брановите, кои ја однеле кон отворено море.
Кога сопственикот на јахтата сфатил дека таа дефинитивно не се враќа и нешто веројатно не е во ред, во саботата утрото го пријавил нејзиното исчезнување кај грчката крајбрежна стража. Во нејзината потрага биле ангажирани 6 чамци, хеликоптер и подводен дрон. По детална потрага, била пронајдена на 101 километар од островот Крит, на половина пат кон Фолегандрос, по поминати 37 часа во чамецот (фото горе).
Според нејзината мајка, тоа што била обучена за преживување на море е главната причина што останала жива. Кушила имала ставено црвена торба на главата, а користела огледало за да го привлече вниманието. За сето време се хранела само со шака бонбони кои ги понела со себе, а хартивчињата од амбалажата ги завиткувала околу себе за да се згрее.
Додека била во чамецот, од cтpaв дека нема да биде пронајдена, на преостанатото весло го напишала името на мајка ѝ, а деталите за контакт на самиот чамец.
Откако била пронајдена од крајбрежната стража, Стеин била однесена во бoлницa, дехидpиpaна и со измpзнaтини. Како што пренесува „New Zealand Herald“, во телефонскиот разговор со мајка ѝ низ coлзи ѝ соопштила: „Ми остана уште една бонбона, мамо“.