Дурекс амбасадорот Виктор Апостоловски и маскотата на брендот беа вистинска атракција на Широк Сокак изминатиот викенд. На младите од Битола им се делеа Дурекс кондоми и имаше забава во кафулето Порта Џез.
Истиот викенд се црташе графит дело на графичкиот дизајнер Дејан Трајкоски насловен како „Љубовно поврзани“ на локација кај спортската сала „Младост“.
Графитот е симболика на двајца заљубени кои го планираат своето семејство, знаат како да се заштитат од непланирана бременост и сексуално преносливи инфекции.