Дурекс амбасадорот Виктор сними спот за Ти и Јас

Ти и јас е новата песна на Дурекс амбасадорот Виктор Апостоловски за која викендов се снимаше спот. 

„Темата ’Ти и јас’ е со брза и диманична мелодија, па според тоа требаше да направиме приказна што ќе го следи ритамот. Станува збор за две другарки кои се вљубени во мене и околу тоа се случуваат разни ситуации. Токму поради тоа снимањето измина во интересна и забавна атмосфера којашто успеавме да ја пренесеме и во самиот видео запис. Но, најдобро е самите да се уверите во тоа“, вели Виктор.

Спотот е сниман од Продукција Тривиа, се снимаше на две локации, во Hotel Stone Bridge и трговскиот центар Capitol Mall. Покрај трите главни улоги во приказната, во спотот учество земаа и 10 танчери од студиото за танц Beatrix Crew, на кореографија од Ивана Балабанова.

Виктор на спотот беше облечен од новата колекција на турскиот урбан бренд Collezione.
Најавата на спотот ќе биде на 14 февруари на Youtube каналот на Виктор, а истиот ден на своите обожаватели Дурекс амбасадорот на улица Македонија ќе им доделува љубовни балони со Дукрес изненадувања.

Viktor Apostolovski - Stone Bridge 4 Viktor Apostolovski - Stone Bridge 3 Viktor Apostolovski - Stone Bridge 2 Viktor Apostolovski - Capitol Viktor Apostolovski - Capitol 3 Viktor Apostolovski - Capitol 2

 

 

- Реклама -