Министерот за животна средина и просторно планирање – Садула Дураку, кој јавноста подобро го запозна по неодамнешниот несмасен коментар околу тужбата за загадувањето поднесена од граѓаните против државата, кога Дураку рече „јас не се бавам со граѓаните“, на прашање на новинарот на ТВ 21 – Фуркан Салиу, вели дека нема причина зошто да се извинува, а дека треба да се извинат тие што неговата изјава ја извадиле од контекст:
Дураку:
-Не, ве молам јас не можам да побарам извинување кога не сум згрешил. Не станува збор за грешка, јас мислам дека тие кои ја извадиле мојата изјава од контекст треба да побараат извинување pic.twitter.com/5UqwL3dUUt— Furkan Saliu (@FurkanSaliu) November 28, 2018