Најпопуларниот интернет пребарувач на светот има сериозна безбедносна мана, која би им овозможила на интернет криминалците да ви ја украдат шифрата и да ја превземат контролата над вашиот компјутер.
Најпопуларниот интернет пребарувач на светот има сериозна безбедносна мана, која би им овозможила на интернет криминалците да ви ја украдат шифрата и да ја превземат контролата над вашиот компјутер.
Заради неколку пропусти на Мајкрософтовиот ИЕ, интернет криминалците можат да ја превземаат контролата над нечиј компјутер и да ги крадат лозинките од него, предупредува уредникот за безбедност на интернет компјутерскиот магазин „PC Pro“.
Уредникот го осрамотил Мајкрософт за ваквото нерешавање на проблемот на овој интернет пребарувач. Британскиот шеф на Мајрософт, пак, исјавил дека овој светски софверски гигант настојува што поскоро да го реши ваквиот невкусен проблем и дека тоа се однесува само за 0,02% од интернет сајтовите.
Се чини дека ваквиот проблем се однесува само на седмата генерација на ИЕ, но истиот би можел да се пренесе и на другите верзии. Шефот, секако во корист на Мајкрософт изјавил и дека не може само заради вакви „мали“ пропусти да им се препорачува на луѓето да ги користат другите конкурентски пребарувачи.
За разлика, пак, другите пребарувачи „Фајрфокс“, „Опера“, „Гугл Хром“ и „Сафари“ засега не покажале ранливост на оние сајтови на кои се забележани пропустите во безбедноста на ИЕ. Истражувањето покажало дека такви пропусти биле забележани на околу 10 000 сајтови.
Во овој случај интернет криминалците ги откриле недостатоците на пребарувачот пред Мајкрософт, и иако на почеток може тоа да го искористат за крадење на лозинките за видео игрите, сепак неизбежно ќе биде нивното настојување грешките да ги искористат во нивна полза.
Скоро 70% од интернет корисниците го користат овој броусер. Се очекува исправка на верзиите 5.01, 6, 7 и 8. Ако користите некоја од овие верзии зголемете ја безбедноста на вашиот компјутер со тоа што за ИЕ7 или ИЕ8 ќе користите т.н. заштите мод, ќе ја зголемите безбедноста на оние сајтови кои не се на листата на привилегирани сајтови на ИЕ, ќе ја обновите антивирусната и антишпиунската програма, или наједноставно користете друг броусер кои се бесплатно достапни на интернет. [Microsoft sees huge increase in IE attacks]