Заедно ве будат преку 10 години на „Утринска“ на Телма – Цеце и Марко веќе станаа утрински ритуал за многумина со нивните урбани и интересни содржини. Но, дали знаете дека тие двајца се познаваат уште од 3-то одделение?
Во новата епизода на Ре Трн ДУО, тие одговараат на прашањата на нашиот Дениз! Дознајте што Марко најмногу сака кај Цеце и што понекогаш го нервира кај неа – и обратно! А исто така, слушнете ја инспиративната порака на Цеце: Како македонците да се сакаат повеќе?
Не ја пропуштајте новата епизода на Ре Трн ДУО со Цеце Тодосовска и Марко Марк.