Како што е познато, Амстердам ги тера луѓето да прават чудни нешта, ама ова е веќе следно ниво. The Hoover Boys се првиот бенд во Амстердам, а најверојатно и светот, што свират на – правосмукалки?! Делува откачено и кул (претежно откачено), a во продолжение ќе можете да ја погледнете изведбата на нивната „Tullips From Amsterdam“.