Дуњите, задолжително овошје на вашето мени во есен

Вкусни, ароматични, богати со витамини, минерали и други хранливи материи, дуњите се идеален избор за посвежите есенски денови. Без разлика дали ги јадете свежи, ги додавате во компот или од нив правите слатко, тие дефинитивно треба да бидат вклучени во вашата редовна исхрана во овој период.

Здравствените придобивки од дуњата им биле познати на старите Грци и Римјани, кои го одгледувале и славеле ова овошје како симбол на здравје, плодност и љубов. Во народната медицина и денес често се користат дуњите, а дури и научниците ги сметаат овие блиски „роднини“ на јаболката и крушите за вистински избор. А има дури 8 причини за тоа!
Дуњите се богати со хранливи материи
Само едно овошје од ова средно големо овошно дрво содржи многу корисни материи: 0,3 грама протеини, 14 грама јаглени хидрати, речиси 2 грама влакна, како и витамини Ц, Б1 и Б6. Покрај тоа, дуњите се богати со железо, бакар, калиум и магнезиум. Без оглед на тоа што имаат што да понудат, дуњите се и исклучително нискокалорични, благодарение на што се идеални и за оние кои се на диета.
Тие се полни со антиоксиданси
Актиоксидансите се одговорни за намалување на метаболичкиот стрес, ублажување на воспалителните процеси и заштита на телесните клетки од штетните ефекти на слободните радикали. Истражувањата покажаа дека дуњата се богати со флавоноиди како што се кверцетинот и камфенолот, благодарение на кои се одличен сојузник во борбата против воспаленијата, што е особено актуелно кај луѓето со послаб имунолошки систем во овој период од годината.
Дуњите се препорачуваат и за трудници
Гадење во првиот триместар од бременоста е многу честа појава, а некои студии покажале дека дуњата може да биде природен лек за оваа непријатна и често многу стресна појава. Благодарение на прилично високата содржина на витамин Б6, ова овошје може да го ублажи чувството на гадење и потребата за повраќање кај некои трудници.
Тие можат да ги ублажат дигестивните проблеми
Дуњите долго време се користат во народната медицина, а особено се препорачуваат за лекување на проблематични состојби на дигестивниот тракт. Неодамнешните истражувања покажаа дека екстрактот од ова овошје може да го спречи развојот на воспалителни болести на желудникот и цревата, како што е улцеративен колитис и да ја намали зачестеноста на металоиди.
Дуњите штитат и од алергиски реакции
Дуњите можат да донесат олеснување на симптомите на алергија, благодарение на нивната способност да ја потиснат активноста на клетките на имунолошкиот систем кои се одговорни за предизвикување алергиска реакција.

Извор