Духот на вистинската Хурем, ја прогонувал Хурем?

 

Бизарни и откачени тврдења доаѓаат од Турција, каде наводно,  видовити луѓе  тврдат дека духот на Хурем ги тероризира сите кои се дел од популарната серија.
Меријем Узерли во контекст на овие тврдења раскажува како  се тргнало лошо кога ја прифатила улогата . Тогаш почнала да добива напади на паника и страв. Таа вели дека немала никакви здраствени проблеми додека не ја добила улогата во филмот. По нападите од публиката но и проблемите со вереникот, сите знаеме дека  таа заврши на писхијатрија во Гермнаија, каде што се лечеше од депресија.

„Видовити луѓе веруваат дека на неа некој и фрлил клетва и дека за се е виновна црната магија. Не е исклучено Меријем да ја прогонува вознемирениот дух на Хурем, на кој не му се допаѓа како глумицата ја прикажала во серијата“изјавил пријател на Меријем.

Несреќи во вистинскиот живот доживува и актерката Нур Фетахоглу која во серијата го игра ликот на Махидерван, мајка на принцот Мустафа.  Од кога ја добила оваа улога, таа се разделила со  својот сопруг. Потоа,  се омажила со бизнимен, паднала по скали и тешко се повредила. Наводно таа има и голем проблем да забремени.

Најлошо од сите помина сценаристката на филмот која почина 5 месеци откако и бил дијагностициран рак на белите дробови. Пред смртта таа се жалела дека е опседната од црни мисли и дека има напади на паника“ изјавиле нејзините соработници.

- Реклама -