Џош Духамел, актерот најпознат по својата улога во серијалот филмови „Трансформери“, но и серијата на NBC – „Лас Вегас“, на својата Фејсбук страница им го честита Илинден на сите пријатели од Македонија.
Во својата честитка, објавена на фан-страницата на Фејсбук, Духамел напиша: Happy Ден на Републиката or Linden to all my friends in Macedonia! (Hopefully Google Translate got this right!).
Иако малку го промашил името на празникот, сепак, ова е гест за почит. Доколку сакате да му се заблагодарите, тоа можете да го сторите во коментарите под фотографијата од македонското државно знаме, објавена на неговиот ѕид.