Во Дубаи наскоро ќе биде додадена уште една богата градба. Властите најавиле план за изградба на идентична реплика на индијскиот Таџ Махал.
Проектот, наречен „Таџ Арабија“ ќе содржи хотел со пет ѕвезди и 300 соби, апартмани, ресторани и продавници. Цената на проектот ќе биде околу една милијарда долари. Вистинскиот Таџ Махал бил изграден во текот на 22 години во седумнаесетиот век во Агра Индија. Шах Џахан го создал мавзолејот за својата жена Мумац Махал и сега е вечно почивалиште на двајцата сопружници.
Од Дубаи се надеваат дека Таџ Арабија ќе стане симбол на љубов и дестинација за свадби. „Замислете ако овој совршен симбол на љубовта би можел да биде искористен за совршената свадба. Овој сон наскоро ќе стане реалност.“ Таџ Арабија би им се приклучил на копиите на Ајфеловата Кула, египетските Пирамиди и Големиот Кинески Ѕид. [Taj Mahal replica to be built in Dubai]