Дубаи е карактеристичен и има да се пофали со многу нешта, но тие нешта, ако не ги сметаме вештачките острови во форма на палми, главно се на копно. Францускиот ланец маркети Carrefour сега тоа го промени.
Компанијата во Дубаи го отвори првиот пловечки супермаркет на вода. Лоциран е на платформа која е усидрена на дното на морето.
Претпоставувате, супермаркетот ги таргетира клиентите со јахти, па и оние кои уживаат во џет-ски, но ќе ги послужува и туристите на плажите Kite Beach, Jumeirah и Al Sufouh. Тие со свои пловила можат да пријдат и да го нарачаат тоа што им е потребно да го купат, додека оние на поголеми пловила или на плажата својата нарачка можат да ја направат телефонски или преку апликацијата Aqua Pod.
Супермаркетот нуди повеќе од 300 различни производи, вклучително и ладни и топли јадења и пијалоци, како и производи за лична нега.
Дизајниран е, барем според Aquatic Architects Design Studio од Дубаи, со фокус на екологијата. Енергијата потребна за работа ја црпи од електрични батерии на полнење, а располага и со систем за собирање на отпад од водата.