ДСЗИ: Поништени небезбедни шампони од Турција и Бугарија

На градска депонија во Крива Паланка, во присуство на државен санитарен и здравствен инспектор, на 26 јануари извршено е поништување на небезбедни козметички производи најдени во промет, информираат попладнево од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Како што појаснуваат од ДСЗИ, станува збор за шампони за коса со поминат рок на употреба и несоодветни означувања, без податок за датум на производство.

Количината изнесувала 70 броја или 26,8 литри. Како земја на потекло се наведени Република Турција и Република Бугарија.

Прочитајте и:  ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата
- Реклама -