ДСЗИ го објави извештајот за смртта на новороденчето во ЈЗУ Клиничка болница-Битола

Државниот санитарен и здравствен инспектортат го објави извештајот со вонредниот инспекциски надзор извршен во текот на вчерашниот ден, а во врска со смртта на новороденчен во битолската Клиничка биолница.

Во извештајот се посочува за лекувањето и третманот на родилката В.К  кај која дошло до смрт кај нејзиното новороднче.

Од увидот во медицинската евиденција и документација која се води во пишана и во електронска форма, како и од изјавите дадени од докторите гинеколози – акушери кои учествуваа во лекувањето и третманот на родилката (д-р М. В, д-р Х Ѓ и , д-р М. А) констатирана е дека родилката В. К првпат се јавила на преглед во установата  на 08.04.2023, а прегледот е извршен од дежурниот лекар на одделението за гинекологија  и акушерство д-р М.В.

На ден 09.04. 2023 год. пациентката е примена на одделението за гинекологија и акушерство со  искреиран упат од истиот дежурен лекар кој претходно го извршил прегледот, во 02.25 мин. Запис за прием креиран во 02.34 мин, историја на болест отворена во 02.39 мин. По изјава на дежурниот лекар, пациентката била примена на одделението поради болки. Прв направен ЦТГ запис во 02.10 часот, земена е крв за биохемиска анализа во 03.11 часот;. Дополнително направени уште два ЦТГ записи и тоа во 03.30 ч и од 06.20ч со потпис од дежурниот лекар д-р М.В. По приемот на пациентката на одделението за гинекологија и акушерство на 09.04.2023г во утринските часови, по изјава на д-р М.В дадена и е терапија, по што е пуштена дома поради тоа што „раѓањето не било започнато“, пациентката била отпуштена дома со препорака доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението. Во медицинската евиденција не се внесени дадените препораки и нема отпусно писмо. Исто така нема евидентирано анамнеза и статус на пациенката од страна на дежурниот лекар кој го извршил приемот.

По изјава на лекарите специјалисти по гинекологија и акушерство кои биле дежурни во наредната смена, на ден 09.04.2023г, пациентката В.К околу 14.00 часот се јавила на одделението, и по извршениот клинички преглед во амбулантата направен е ЦТГ запис во 14.15 часот

Прочитајте и:  ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата

По препораката за прием заради отпочнато породување, со оглед на утврдената состојба при извршениот преглед, констатирано е дека за неа веќе е отворена историја на болест. Пациентката е примена во предродилна сала, направен е ЦТГ запис во 15.00 часот и извршено е породување по природен пат со употреба на вакум екстрактор при излез. Дежурните лекари во наредната смена изјавуваат дека при примопредавањето на дежурството не им било пренесено дека за пациентката В.К претходно е отворена историја на болест и извршен прием на одделението, ниту пак во рапортната тетратка на докторите или медицинските сестри е евидентиран приемот на истата во ноќните часови.

За време на породувањето присутен е и специјалист педијатар – неонатолог. Од увидот во неонатолошкиот картон за лекување и третман на новороденото на В.К констатирано е дека уредно се пополнети сите рубрики. Родено е живо машко дете со АПГАР 2. По неуспешна 10 минутна реанимација од страна на неонатологот, повикан е анестезиолог и контактирана е ЈЗУ УК за детски болести и побаран е транспорт со инкубатор. И покрај упорната реанимација во траење од 2,35 часа во 18.25 ч. констатирана е смрт на новороденото од страна на присутните лекари специјалист педијатар – неонатологот и специјалист анестезиолог. Телото е предадено на обдукција со пополнети потврда за смрт и лекарски извештај за причина за смрт, а во пријавата за породување истото е  нотирано, се посочува во извештајот на ДЗС.

Докторите специјалисти кој учествувале во лекувањето и третманот на пациентката и новороденото имаат лиценци за работа кои се во рок на важност, а за константираните недостатоци од страна на ДСЗИ ќе бидат изречени прекршочни мерки за д-р М. В, за правното лице и за одговорното лице во правното лице врз основа на чл.48-а ст.1 т.1 и 2 и ст.2 и 3, а во врска со чл.6 од Законот за евиденции во областа на здравството.

За д-р М. В ќе биде изречена и прекршочна мерка по чл.313  ст.1 т.2 од Законот за здравствена заштита, се истакнува во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

МИА

- Реклама -