ДС: Трајанов со предлог до пратениците Македонија да биде една изборна единица

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов, денеска ги доставил предлог измените на Изборниот Законик на мислење до сите пратеници, со цел да можат да се искажат свои ставови и сугестии по истите, информираат од Демократскиот сојуз.

Со Предлог-Законот се предлага Македонија да биде една изборна единица, да остане пропорционалниот модел и без изборен праг, а пресметката за избор на пратеници да се одвива со Донтовиот количник.

Од демократски сојуз сметаат дека ваквите измени ќе доведат до состав на Парламентот кој ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, но и дека ќе се зајакне владеење на правото, ќе се помогне развојот на демократските процеси и ќе се создадат услови за системски промени во државата.

„Врз основа на досегашните консултации, поголемиот број од партиите се за Македонија да биде една изборна единица (останува и можност тројца пратеници да бидат нашите иселеници), но има размислувања да имаме и отворени листи, да има изборен праг и сл. По сумирање на забелешките, се очекува идната недела повеќе пратеници да бидат предлагачи на измените во Изборниот Законик“, велат од Демократскиот сојуз.

- Реклама -