Откако заврши со неформалниот дел од Самитот на НАТО во Лондон, каде македонското знаме се вееше рамноправно со знамињата на останатите членки на Алијансата, премиерот Зоран Заев, во друштво на дел од македонската делегација, отиде на ручек во Мекдоналдс, објави „Фокус“.
Моментот, притоа, е уредно документиран и овековечен во дигитална фотографија што веројатно ќе биде мултиплицирана во безброј примероци и засекогаш ќе живее на мрежата.
Веројатно и вие ќе се согласите, историската фотографија е и соодветен репрезент на земјата во која младите coнуваат да направат слична фотка во некој Старбакс, макар што е клише, како еден вид таен симбол дека ете, и тие ја напуштиле државата и се cпacиле.
ФОТО: ТОМИСЛАВ ГЕОРГИЕВ / ФОКУС