Дрвена приказна

Кога го слушаме зборот „ремек-дело”, обично замислуваме уметничко дело од минатите векови. Во денешно време исто така, има исклучително талентирани уметници и неверојатно убави дела.

Сите знаеме дека најдолгиот ѕид во светот е во Кина – Кинескиот ѕид. Но, знаете ли дека и најдолгата скулптура исто така е основана во Кина? Локалниот уметник-копаничар,  Чжен Чунху,  ја направил оваа уникатна 12-метарска скулптура од стеблото на едно големо дрво. Делото е запишано во Гинисовата книга на рекорди како најдолга дрвена скулптура во светот.

Самое-длинное-произведение-искусства-от-китайского-скульптора

 

Композицијата е насловена „течението за време на фестивалот Цинмин”. Резбата дефинитивно импресионира со деталите на куќите, дрвјата и грмушките, како и со 550-те мали човечки фигури. Секој од малите луѓе  се занимава со нешто свое, додека, бродовите и рибарските чамци се нишаат на брановите.

Самое-длинное-произведение-искусства-от-китайского-скульптора_05

И над сето тоа надвиснале облаци. Целата композиција го претставува традиционалниот фестивал Цинмин кој се одржува секоја година во Кина со векови. Скулптурата е единствена по тоа што претставува еден сеопфатен заплет, на кој мирно можете да снимите фоторепортажа. Дури и да ја гледате  со часови, сепак ќе најдете нешто ново да забележите. Ова ремек дело несомнено заслужува да се нареди до најпознатите уметнички дела.

Самое-длинное-произведение-искусства-от-китайского-скульптора_04

- Реклама -