Сите сме се нашле во ситуација некој маж да ни го скрши срцето со тоа што ќе нѐ изневери со друга. Сте се запрашале ли некогаш зошто секогаш ја обвинуваме другата жена за таквиот развој на настаните, а не нашиот неверен маж?
Постојат неколку причини:
- Мислиме дека женската солидарност е многу поголема отколку машкиот морал.
- Мажот ни ги плаќа сметките или ни помага во плаќањето, а другата жена не.
- Него го сакаме, а неа или не ја знаеме или ја мразиме.
- Мислиме дека ако таа исчезне и проблемот ќе исчезне.
- Мислиме дека таа му направила магија, а не дека тој е кретен што изневерува.
- Проблемот мора да е во неа, а не во него.
- Полесно е да ја мразиме неа, отколку да му раскинеме.
- Омразата кон жената со која изневерил е поедноставна и далеку поевтина од развод.
- Тој ни кажа дека вината лежи во неа и дека тој не можел да си помогне. Одбираме да му веруваме, затоа што мажите што изневеруваат никогаш не лажат, нели?