Пред повеќе од 3000 години, Харапан Цивилизацијата била една од најголемите и најмоќни цивилизации на светот – но била соборена од климатски промени.
Специфично, монсуните кои биле редовни во регионот престанале и со текот на времето целата област станала пустина. Сега истото им се случува и на монсуните во други делови од Азија. Уништувањето на Харапан цивилизацијата било предизвикано од природни климатски промени, но промените предизвикани од човекот би можеле да имаат сличен ефект.
Авторите на студија објавена во Environmental Research Letters тврдат дека во следните 200 години традиционално редовните монсуни во Индија би станале реткост поради климатските промени. Моделот налага дека со загревањето на климата, циркулаторниот систем Pacific Walker кој носи висок притисок над Индијскиот Океан би можел да се промени и да ги носи тие фронтови на исток, попречувајќи ги монсунските дождови.
Ова би можело да предизвика намалување од 40 до 70 проценти во количеството на дожд на преодот меѓу дваесет и првиот и дваесет и вториот век. Големи региони од светот зависат од монсунските системи за одржување на земјоделие, и нивната редовност е доста значајна во азиската агрикултура.
Ако дојде до ваква драматична промена ќе има значаен пад во производството на храна за стотици милиони луѓе. [A statistically predictive model for future monsoon failure in India]