Дремката во текот на денот не само што го победува заморот туку и значително ја подобрува способноста за впивање нови информации.
Имено, студијата која ја спроведоа американските научници покажа дека волонтерите кои спиеле 90 минути во текот на денот, имале подобри резултати на тестовите за когнитивни способности, од оние кои не спиеле. Истражувањето сугерира дека на мозокот му е потребен сон за да го процесуира краткотрајното памтење, создавајќи простор за нови информации.
Во друг експеримент, 39 возрасни испитаници добиле тешка задача за учење, при што се покажало дека оние кои преспале имале исто така подобри резултати. Анализата на електричната активност на мозокот сугерира дека тој процес се случува во фазата помеѓу длабок сон и сонувањето, кога фактите се преместуваат од „привремената локација“ во хипокампусот, во делот на кортекост задолжен за подолгорочно складирање на информациите.
Овој процес не само што му помага на мозокот да процесуира нови информации, туку исто така го „празни“ мозокот оставајќи простор за нови информации. Тоа значи дека „не е важно само да се спие после учењето, туку дека е добро да се отспие пред процесот на учење.“ вели Метју Вокер од Универзитетот Калифорнина кој ја водеше студијата. Тој уште додава дека: „Сонот не само што одмора, туку и, гледајќи од неврокогнитивен аспект, ви дава стимуланс и ослободува дополнителен простор за нови информации. Замислете дека e-mail сандачето во вашиот хипокампус е полно, и се додека не отспиете и не го исчистите од претходните пораки, нема да можете да примате нови e-mail пораки.“
Дневната дремка може да биде еден од начините да го третирате недостатокот од сон, вели д-р Сара Медник, експерт за спиењето и автор на книгата „Take a Nap! Change Your Life“. „Можете да добиете неверојатни бенефиции од 15 до 20 минутна дремка“, вели таа.
За најдобро искуство и значителен бенефит, препорачливи се анатомските перници, како на пример Омега перниците, предвидени за ваков вид на спиење.