Канадскиот рапер Дрејк во една интернет радио емисија го критикувал музичарот Крис Браун, и воедно признал дека бил во врска со неговата поранешна и сегашна девојка Ријана.
„Неговата несигурност произлегува од фактот што правам подобра музика од него, како и дека во еден момент жената која тој ја сака, падна во мои раце“, изјавил Дрејк, додавајќи дека кон неа се однесувал со целосна почит.
Тој воедно кажал дека тие двајца имаат проблем кој можеби некогаш во иднина и ќе се реши.
„Кој знае, можеби ќе се смееме за сето ова за некои десет години и заедно ќе пиеме пијачка, кога би се решиле сите овие глупости“, додал музичарот.
Минатиот месец Дрејк и Браун се степаа во еден ноќен клуб.