Драстично ослабела за да личи на Ким Кардашијан

Ким Кардашијан со својот изглед претставува пример за многу девојки. Некои толку многу сакаат да личат на неа, што подлегнуваат на големи трансформации. Една од тие девојки е Верити Санфор.

Verity-Sandford

Таа е голем обожавател на познатата старлета. Нејзините пријатели отсекогаш и говореле дека таа потсеќа на Ким Кардашијан. Ослабела неверојатни 50 кг за 15 месеци како би го добила посакуваниот изглед. „ Мојот облик на телото беше сличен со на Ким, но кога ослабев тоа дојде до израз“.

Verity-Sandford2

Таа сега е задоволна со својот изглед, а Ким и послужила како голема инспирација за да го издржи процесот на слабеење.

- Реклама -