Реалити ѕвездата морала за долгоочекуваното гостување да се спреми за само пет минути.
Реалити ѕвездата се подготвувала за своето гостување во емисијата на Елен деГенерис, но настанал проблем со нејзиниот фустан па Ким Кардашиан останала без планираната облека.
„ОМГ, мојот фустан за гостувањето во емисијата на Елен се скина! Морам да тргнам за 5 минути… Ми треба помош! Да го облечам ова?“, напишала Ким покрај фотографијата која ја објавила на својот Инстаграм профил.
Алтернативната облека вклучувала тесно, долго здолниште што ги нагласува нејзините облини и бел џемпер со големо деколте.
По малку размислување, одлучила да го задржи белиот џемпер, но го променила здолништето. Ким избрала друго здолниште до колена. „ОК, ја најдов соодветната комбинација. Фала му на Бога! Немам време“, објавила на своите фанови на Инстаграм.
Ова ќе биде прво појавување на Ким во емисијата на Елен, откога таа и нејзиниот вереник Канје Вест ја добија малата Норт, па не се сомневаме дека ќе имаат за што да зборуваат. Исто така, не се сомневаме дека Елен ќе дознае што се случило со нејзиниот фустан.