Марио де Андраде е бразилски поет, писател, есеист и истражувач на културата.
Неговата креативност е исклучително важна за бразилската култура, па дури и најголемата библиотека во Сао Паоло, каде што живеел го носи неговото име.
“Драгоценото време на зрелоста” е меѓу најголемите негови текстови. Читнете нешто квалитетно и уживајте во остатокот бонбони*…
Бев ги броел годините и открив дека ми е останато помалку време да живеам понатаму, отколку што е времето што го живеев досега.
Имам повеќе минато отколку иднина.
*Се чувствувам како момчето кое добило сад со бонбони. Отпрвин јадело лакомо, но кога забележало дека му останале само неколку, почнало да ги вкусува бавно.
Немам време да се занимавам со просечност.
Не сакам да се впуштам во средби, каде сите се палат на сопственото его.
Ме нервираат зависниците кои се обидуваат да ги дискредитираат поспособните, да се лакомат за нивните места, талент, достигнувања и среќа.
Немам време за бескрајни разговори, бескорисно е да дискутирам за животите на другите кои не се дел од мојот живот.
Немам време да управувам со чувствителноста на луѓето кои покрај фактичката возраст, се незрели.
Не можам да го поднесам она што го прават луѓето кои се борат за власт.
Луѓето не ја дискутираат содржината, туку само етикетите. Времето ми стана скудно за да ги дискутирам етикетите. Ја сакам суштината, мојата душа брза …
Нема многу бонбони во чинијата …
Сакам да живеам до човечни луѓе, многу човечни, кои се смеат на сопствените грешки и далеку од такви, кои станале самобендисани од триумфот, далеку од такви, исполнети со чувство за сопствената важност. Сакам да сум со такви кои не бегаат од своите одговорности. Кои го штитат човечкото достоинство. Таквите кои избираат да се на страната на вистината и чесноста. Важно е само она што го прави нашиот живот – вреден за живеење.
Сакам да сум опколен со луѓе кои знаат како да го допрат срцето на другите.
Луѓето кои од ударите на животот научиле да растат со добрина во своите души.
Да … јас брзам … да живеам со силата која само зрелоста ја носи.
Имам намера да не трошам ниту едно од лакомствата, кои ми останаа. Сигурен сум дека тие ќе бидат уште поубави од оние кои сум ги изел досега.
Целта ми е да стигнам до крајот задоволен и во мир со своите најблиски и со својата совест.
Се надевам дека вашата цел е иста, бидејќи и онака ќе ве стигне крајот …