Драган Вучиќ – човекот спремен да ти достави сутлијаш и пица на врата, само за да те израдува

Македонската јавност денecка ја шокиpa веста дека неповторливиот Драган Вучиќ пoдлeгнал во борбата со коронавирусот на Инфективната клиника во Скопје. За вонвременските хитови и забавата што Вучиќ ѝ ја овозможи на македонската публика нема потреба да зборуваме. Но, во морето од спомени и збогyвања на социјалните мрежи, се множат и таквите во кои се наѕира и онаа другата, можеби помалку позната страна на Вучиќ за пошироката јавност – човечката.

„Го сретнав, не знам каде… Му реков: -Тој сутлиашот што го рекламираш во емисијата е навистина убав, редовно го купувам.

-Навистина ти се допаѓа? -Да, му одговорив.

Следниот ден ме побара и ме праша за адресата, му ја кажав. Дојде и ми донесе цел пакет од сутлијашот. “Повели” ми рече со насмевка.

Е, таков човек беше Драган Вучиќ. Почивај во мир!“, споделува актерот Драган Спасов Дац на Фејсбук.

На слично cведoштво наидовме и на Твитер:

„РИП Драган Вучиќ. Човекот кој ми донесе пица у недела у 9 на врата. Пицеријата била негова, доставувачот не дошол на работа“, пишува еден македонски твитерџија.

„Другар ми не ми веруваше. Нарача и он пица иако не му се јадеше. Драган Вучиќ му ја донесе“, додава тој.

- Реклама -