Дознајте во која соседна земја пристигна жена му на Џорџ Клуни

 

Новопечената сопруга, адвокатката Амал Аламудин – Клуни, сопруга на американскиот актер Џорџ Клуни, пристигна на Балканот поради работни обврски.

Конкретно Амал слета во Грција, во главниот град Атина каде работи на случајот за враќање на  фризови од Партенон, кои се изнесени од земјата во 1802 година од британски дипломат во Отоманската империја. Во моментов тие се дел од постојана изложеност на Британскиот музеј.

Амал Клуни беше поздравена како ѕвезда од десетици новинари и љубопитни Атињаните пред луксузниот хотел “Британија” на плоштадот „Синтагма” во центарот на грчката престолнина.

За време на посетата таа ќе се сретне со министерот за култура на Грција Константинос Тасулас, а потоа и со премиерот Антонис Самарас.

- Реклама -