Дознајте кои се состојките кои се наоѓаат во козметиката

Внимателно читање на декларациите на производите е од исклучително значење, не само при купувањето на храна, туку и во купувањето козметички производи кои завршуваат на нашето лице.
Причината за тоа е дека големите козметички куќи, чии производи опсесивно ги купуваме и понатаму не ги исфрлаат од употреба со исклучително штетни состојки за нашето здравје, кои во неретки сличаи предизвикуваат сериозни проблеми, па дури и рак.

Ви носиме листа на најопасните состојки кои можат да се најдат во козметичките производи, и кои треба да ги избегнувате.

Натриум лаурил сулфат (SLS) и натриум лаурет сулфат (SLES)

Најчесто се наоѓаат во шампони, регератори, балзами и во бројна друга козметика, а особено е опасно за децата, иако можат да наштетат многу на кожата и на возрасните. Кога се комбинира со други состојки кои се користат во козметиката, можат да поизведат канцерогени соединенија кои дополнително штетат на здравата кожа.

Изопропил алкохол

Изопропил алкохол се наоѓа во се, од лосион за раце до парфем, а се смета за еден од најопасните состојки во козметиката, ако се вдишат во поголеми количини. Несакани ефекти кои се јавуваат од изложеност на овој тип на алкохол се мигрена, вртоглавица, гадење, па дури и депресија.

Антибактериски состојки

Често се продаваат во форма на сапуни, а антибактериските состојки кои се докажани како штетни состојки кои одат надвор од нивните позитивни ефекти. Две најчести состојки се klorfenezin и triklosan, кои не само што ги уништуваат корисните бактерии, но исто така влијаат на природниот пораст на бактерии, кои ја штитат кожата.

PEG (полиетилен гликол)

Додека најканцерогените ефекти од PEG сеуште не се откриени, јасно е дека станува збор за најопасните состојки кои се користат во козметиката ,бидејќи систематски ја сушат кожата. Без нејзините природни влакна, кожата станува помалку ефикасна во заштитата на телото од бактерии и штетни хемикалии.

RG (пропилен гликол)

Се користи во големи количини во дезодорансите, PG е исто така на листата на состојки во некои пасти за заби и течности за испирање на устата. Како активната состојка антифриз, PG би требало да се избегнува во секоја козметика, вклучувајќи ги производите за нега на косата, а особено е штетно во шминката и производите после бричење.

Foto: Tumblr

DEA (dietanolamin), MEA (monoetanolamin) и TEA (trietanolamin)

Користени во многу производи како пена, DEA, MEA и TEA се едни од најопасните супстанци во козметиката, бидејќи тие лесно се апсорбираат во кожата и можат да го зголемат ризикот од рак. Децата се изложени на поголем ризик од возрасните, и постојана изложеност на овие хемикалии можат да предизвикаат рак на бубразите и црниот дроб.

Имидазолидинил уреа, и DMDM Hidantoin

Две од најчестите состојки кои ослободуваат формалдехид како конзерванси, кои и понатаму се користат во козметичките производи. Освен што го иритираат вашиот респираторен систем и се плодно тло за развој на алергии и асма, формалдехидот, исти така, може да предизвика болка во градите и додатно да наштети на вашиот имунолошки систем.

FD&C пигменти на боја

Бојата која се користи во храната и козметиката можат да бидат многу штетни за кожата, бидејќи го намалува кислород во телото. Истражувањата спроведени на животни покажаа дека овие бои можат да предизвикаат рак, поради што се сметаат за едни од најпознатите штетни состојки во козметиката, кои сеуште се користат на само во козметичките производим но исто така и во медицината.

Синтетички парфем

Кога ќе ја прочитате декларацијата на козметичките производи кои ги купувате, лесно можете да претпоставите дека ќе содржат парфем. Се повеќе и повеќе компании нудат производи кои не содржат парфем кои неретко содржат и по четири синтетички состојки. Заради тоа, парфемите се сметаат за едни од најопасните состојки во козметиката. Колку што има несакани ефекти, тие се многу посериозни отколку осип на кожата: можат да влијаат на невролошкиот систем, и доведува до различни промени во однесувањето, хиперактивност и депресија.

- Реклама -