Според неодамнешна анкета спроведена од страна на добро познат произведител на храна за домашни миленичиња Old Mother Hubbard, покажа дека поголем дел од испитаниците она што им е потребно не им го обезбедуваат нивините пртнери или партнерки туку- кучињата.
Во истражувањето биле влкучени 741 испитаници кои биле сопственици на кучиња и кои биле во сериозна врска. Меѓу одговорите требало да ги наведат клучните особини кои ги задоволуваат, и дури 55 проценти се изјасниле дека тие критериуми ги исполнуваат нивните миленичиња, а не нивниот парнтер или партнерка.
Прашањата биле за љубов на прв поглед, лојалност, пријателство и чуството на среќа секој пат кога ќе ги видат. За жал, само 32 проценти од испитаниците го изјавиле истото за својот партнер/патнерки.
На некој начин, тие одговори не се многу изненадувачки, бидејќи кучињата се секогаш среќни кога нивниот сопственик се враќа дома, не оставајќи ги своите сопственици и подготвени да се умилкуваат во секое време и секаде.