Дознајте каков е вашиот знак според јапонскиот хороскоп

Сите сме слушнале за западниот хороскоп и познатите 12 хороскопски знаци. Знаеме и за постоењето на кинески хороскоп. Но сте слушнале ли за јапонски?Тој содржи 11 знаци, а повеќето од нив имаат многу интересни имиња и карактеристики. Погледнете ги:

Црешов цвет (15.02 – 20.03)

Вие сте страстни, срдечни, спонтани, ентузијастички настроени и со позитивна енергија. Ваша маана е што не им верувате премногу на другите, па поради тоа можете да ја загубите поддршката од пријателите или саканата личност.

Сонце (21.03 – 29.04)

Вие сте непоправливи идеалисти. Имате две движечки сили во животот – мудроста и убавината. Копнеете за правда. Нема да згрешите доколку и верувате на интуицијата.

Бамбус (30.04 – 04.06)

Лесни сте и флексибилни. Вие едноставно се прилагодувате на секакви луѓе и околности. Обожавате тимска работа. Ќе ви биде од корист, доколку се потпрете на шестото сетило.

Ориз (05.06 – 06.07)

Непрестано работите, често сте пресилени. Никогаш не се жалите и умеете да ја исползите секоја подробност. Ако креирате семејство, ќе бидете одличен родител.

Лотос  (07.07 – 01.08)

Лотосот е знак карактеристичен за нежните, расеани, сентиментални и луѓе со чувство за емпатија. Љубители сте на животот, љубовта и децата. Бидете повеќе борбени и ќе добиете сè за што сонувате.

Јапонски мост (02 – 27.08)

Вие сте врската помеѓу два брега, два света, два универзуми. Родени сте да помагате. Ве привлекуваат патувањата и уметноста. Не смеете сепак да се откажувате од извршување на своите цели „на половина пат“.

japonski_horoskop

Градина(28.08 – 10.10)

Љубопитни, шармантни и добродушни, со леснотија го наметнувате мислењето над околината. Сепак, треба да разберете дека совршенството е недостижно.

Император (11.10 – 18.11)

Гледате на животот како возбудлива авантура. Иако се соочувате со многу препреки, целосно сте сигурни во успехот. Препорачливо е сепак да ја ублажите својата суровост.

Царица (19.11 – 26.12)

Знаете што сакате и жестоко ги исполнувате целите. Добро е да ги споделите убавините и со други луѓе.

Месечина (27.12 – 18.01)

Нема помирен, таинствен и магичен човек од вас. Не смеете сепак да се откажувате од личниот развој во името на големата љубов.

Света желка (19.01 -14.02)

Нежноста, разумноста и внимателноста се вашите адути. Но под маската на “ледена кралица” се крие страсна, слободоумна и борбена личност. Секогаш отворено изразувајте го својот став.

- Реклама -